Карло Анчелоти е сегашност на Реал Мадрид, но Флорентино Перез е свесен дека наскоро ќе мора да бара нов шеф на стручиот штаб и да го припрема теренот за нареднииот тренер на „кралевите“.
Во медиумите во овој момент како главен фаворит за позицијата на Анчелоти важи Чаби Алонсо кој од Леверкузен направи еден од најдобрите клубови во светот во овој момент.
Алонсо одлучи да остане и не замина во изминатото лето кога му беше отворена позицијата во Ливерпул каде што сега на Арне Слот одлично му оди, па „црвените“ не бараат нов стратег.
Перез го гледа Алонсо како идеална опција кога 65-годишниот Италијанец ќе одлучи да се повлече. Веќе се шпекулира и дека Алонсо му поставил услов на првиот човек на гигантот од Мадрид.
Дел од шпанските медиуми денеска пренесуваат дека Алонсо му порачал на Перез дека ако сака да дојде на клупата со него мора да го поведе и Флоријан Вирц кој исто така во изминатиот период се поврзуваше со Реал Мадрид.
Тоа би било трансфер за кој Реал Мадрид сигурно ќе треба да издвои околу 100 милиони евра. Ваков расплет на настаните би можеле да гледаме во летото кое ќе следи.