Слот испишува историја со Ливерпул: Вакво нешто не му успеало ниту на Клоп

by Стефан
1 минути читање
Арне Слот

Арне Слот има фантастичен старт на клупата на Ливерпул и навивачите можат да бидат задоволни од резултатите.

Ливерпул заедно со Астон Вила е единствениот тим со максимален учинок во Лигата на шампионите. Во вчерашното трето коло со минимален резултат го совладаа Лајпциг, меѓутоа константно во натпреварот доминираа и создаваа шанси.

Исто така „црвените“ се лидери и во Премиер лигата каде што по осум кола имаат седум победи и еден пораз со 15 постигнати и три примени гола. Единствениот неуспех го доживеаа против Нотингем Форест на „Енфилд“.

Сепак, тоа не спречи Ливерпул со Слот да го има најдобриот старт во историјата на клубот со 11 победи од 12 одиграни натпревари во сите натпреварувања. Исто така Слот стана првиот менаџер на Ливерпул кој победил на шест гостински натпревари во низа.

Ако се суди по почетокот, Слот може да биде идеален наследник на Клоп и да го продолжи успехот на германскиот стратег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани