Скандал: Директор на Баерн ограбен во Барселона

by Стефан
1 минути читање

Баерн Минхен денеска гостува на Барселона во рамките од третото коло во Лигата на шампионите, а делегацијата на германскиот гигант во текот на вчерашниот ден пристигна во Минхен.

Еден од челниците на Баерн нема по добро да го памети ова гостување во Каталонија бидејќи како што се пренесува тој бил нападнат и ограбен.

Според информациите на „Ел Касо“ нападот се случил во делот од градот нарече „Сант Марти“, а во кражбата директорот на Баерн останал без својот „Ајфон 15“, скапоцениот часовник и паричникот.

Како што се пренесува директорот на клубот бил ограбен откако еден непознат маж се доближил до него и започнал краток разговор во кој некако успеал се да му одземе. Кога забележал дека е ограбен повеќе не можел да ги стигне крадците. Случајот е пријавен и во полиција и се трага по сторителите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани