85
Вистински хорор се случил на фудбалски натпревар во Јамајка во градот Кингстон кога вооуржени напаѓачи отвориле оган на трибина со навивачи.
Според информациите на медиумите најмалку пет лица биле убиени, а уште седум повредени.
Поради сериозноста на инцидентот полицијата веднаш донела одлука и за полициски час.
„Повредени се седум лица, а убиени пет за време на инцидентот“, потврди полицијата.
Се претпоставува дека станувало збор за пресметка на навивачки групи што знае да биде појава во регионот каде што е стадионот, меѓутоа засега тоа не е потврдено.