Модриќ го откри фаворитот за Златната топка: Неверојатен е!

by 24 фудбал
1 минути читање

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ зборуваше за Златната топка која ќе се додели следната седмица. Како прв фаворит за признанието се споменува Винициус Жуниор, а Бразилецот имаше ѕвездена ноќ во пресврт-победата на Реал Мадрид против Борусија Дортмунд (5-2) со хет-трик.

Поради тоа, но и сите други добри партии Модриќ смета дека Винициус го заслужува престижното признание.

Ќе видиме кој ќе го освои признанието. Тука има неколку играчи кои би можеле да ја освојат наградата. Винициус дефинитивно е тука во најтесниот избор. Не само поради мечот со Борусија, тој цела сезона е неверојатен. Едвај чекаме да видиме кој ќе ја освои Златната топка. Кога ќе видите како одигра Вини минатата сезона и што прави во оваа, особено по оваа ноќ – ја заслужува победата“, изјави Модриќ.

Минатата година Златната топка ја доби Лионел Меси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани