96
Еден од најдобрите фудбалери на Њукасл го продолжи договорот, потврди клубот.
Се работи за Ентони Гордон кој стави потпис на нова соработка со „страчките“. Младиот офанзивец потпиша повеќегодишен договор со Њукас, а клубот не откри за колку години се работи.
Гордон е член на Њукасл од 2023 година, кога пристигна од Евертон за 40 милиони фунти. Тој веднаш се наметна и важи за еден од најдобрите во тимот. Досега одигра 74 натпревари во клубот, постигна 15 гола и забележа 11 асистенции.