Терзиќ во Премиер лигата, но не во Манчестер Јунајтед?

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд Един Терзиќ се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, а сега за него се појави уште една опција во Премиер лигата.

Хулен Лопетеги не успева да ја пронајде вистинската форма во Вест Хем и со тимот бележи лоши резутати, а според најавите Терзиќ е отворен за разговори.

Се потсетува и дека Терзиќ веќе беше дел од Вест Хем како помошник на Славен Билиќ во период од 2015 до 2017 година и тој клуб е посебен за него.

Германските медиуми шпекулираат и дека Терзиќ бил контактиран од Златан Ибрахимовиќ каде што би можел да го наследи Пауло Фонсека, ако Португалецот добие отказ.

Терзиќ е без работа од крајот на минатата сезона кога ја напушти Борусија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани