Хрватскиот третолигаш Кустошија повторно се очекува да направи голема продажба и повторно тоа ќе биде во шпанската Ла Лига.
Се работи за младиот Баје Кулибали, дефанзивен играч за врска кој е младински репрезентативец на Мали. Според Фабрицио Романо, Кулибали е пред трансфер во Атлетико Мадрид кој е во преговори со Хрватите за овој трансфер. Така, фудбалерот кој беше купен за 300.000 евра, сега ќе биде препродаден со капитална добивка за клубот.
Веќе се зборуваше дека за Кулибали е заинтересиран и Реал Мадрид, меѓутоа во моментов предност за неговиот потпис има градскиот ривал Атлетико.
Ако се исполни трансферот, ова нема да биде првпат Кустошија да продаде играч во Шпанија. Пред неколку години за милионска сума Микаила Фаје се пресели во Барселона, а РБ Лајпциг купи двајца фудбалери за четири милиони евра во имињата на Дино Клапија и Нико Томашевиќ.