Фудбалерите на Борнмут знаеја да го искористат она што им се пружи, па го совладаа големиот фаворит Арсенал со 2-0 во осмото коло на Премиер лигата.
„Топџиите“ добија црвен картон уште во 30 минута од средбата. Вилиам Салиба наивно поцрвене и многу рано го остави својот тим со бројчан дефицит. Гостите тоа максимално го искористија, беа подобар ривал и притискаа, меѓутоа долго време мрежите мируваа. Дури по серијата измени во вториот дел работите се сменија.
Со голот на Рајан Кристи во 70 минута „црешите“ дојдоа до предност од 1-0. Само девет подоцна домаќините имаа и пенал, а сигурен егзекутор беше Џастин Клајверт кој го постави конечниот резултат.
Ова беше прв сезонски пораз на Арсенал кој и натаму држи чекор со водечките Ливерпул и Сити.