Закариќ: Нè очекува тежок меч, ако дадеме максимум нема да изостане резултатот

by 24 фудбал
1 минути читање

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар во рамките на 10 коло ќе ѝ гостува на екипата на Беса.

Во пресрет на овој натпревар, преку клупските мрежи своите очекувања ги изнесе босанскиот играч за врска Горан Закариќ.

Нè очекува тежок натпревар в недела. Свесни сме дека во првенството не влеговме онака како што очекувавме, меѓутоа сигурен сум дека ако излеземе на теренот и го дадеме својот максимум резлтатот нема да изостане. Репрезентативната пауза ја искористивме за да подобриме одредени сегменти од играта. Работевме напорно следејќи ги инструкциите на тренерот Захариевски. Знам дека навивачите и сите други кои го сакаат Вардар не се задоволни. Сепак, нивната поддршка навистина ни значи многу и искрено од срце се надевам дека ќе ја имаме и понатаму на следните натпревари“, изјави Закариќ.

Вардарци се во серија од три порази, па во Гостивар со сигурност одат мотивирани за да победат и да освојат важни бодови во битката за опстанок.

Средбата меѓу Беса и Вардар е во недела во 14:00.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани