Мемфис Депај го постигна голот првенец во Бразил, напаѓачот маестрално погоди од слободен удар во аголот и не му даде шанса на голманот да одбрани.
Мемфис Депај летоска изненади со изборот на клубот, реши кариерата да ја продолжи во Бразил и да го облече дресот на Коринтијанс.
Во победата над Атлетико ПР од 5-2, Холанѓанецот го забележа деби погодокот и сметката ја отвори со страшно „голазо“.
Од слободен удар, Мемфис Депај погоди право во аголот и не му даде шанса на гостинскиот голман да одбрани.
Со својата мајсторија го крена цел стадион на нозе, дури и полицијците извадија телефони и го снимаа шоуто.
O primeiro dele veio! ✅ Se liga no GOLAÇO que Memphis Depay marcou com a camisa do Corinthians. pic.twitter.com/ZCMIABT0oL
— ge (@geglobo) October 18, 2024