„Стаклениот“ капитен на Челси се враќа на терените, но може да игра само еднаш неделно

by bojan
1 минути читање
Рис Џејмс

Тренерот на Челси, Енцо Мареска потврди дека повторно на располагање го има Рис Џејмс, но десниот бек може да игра само еднаш во неделата.

Рис Џејмс мака мачи со повредите, од сезоната 2021/22 па наваму има пропуштено речиси 100 натпревари.

Англичанецот оваа сезона нема одиграно ниту една минута, но во пресрет на натпреварот против Ливерпул, пристигна инфромација дека тој е во конкуренција за настап. Сепак, Енцо Мареска открива дека Рис Џејмс може да игра само еднаш неделно.

„Тој конечно ми е на располагање, работеше со нас за време на паузата. Ова се добри вести, Рис се врати“ – вели предводникот на „сините“.

„Комплицирано е кога ќе се повредите, повредите и повторно повредите. Не е лесно кога секогаш барате некакво решение“.

„Ќе треба да игра само еднаш неделно, во моментов, поради најразлични причини, телото на Рис не може да издржи два натпревари неделно. Едно од решенијата е да го менаџираме на сличен начин како што ги менаџираме Вес Фофана и Ромео Лавиа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани