Новинарот Кристијан Фалк вели дека Алефонсо Дејвис сонува за настап во Реал Мадрид, но Манчестер јунајтед може да му го сврти умот доколку му понуди плата од 20 милиони евра по сезона.
Алфонсо Дејвис ја одработува последната година од договорот со Барн Минхен, преговорите за продолжување на соработката тапкаат во место, па се почесто се говори дека левиот бек ќе ја промени средината.
Реал Мадрид од поодамна се посочува како прв фаворит за потписот на Канаѓанецот, но во последно време се говори и за интерес на Барселона и Манчестер јунајтед.
Новинарот Кристијан Фалк вели дека Алфонсо Дејвис сонува за настап во Реал Мадрид, но доколку Манчестер јунајтед на маса стави 20 милиони евра по сезона, тој ќе слушне што има да кажат „ѓаволите“.
Сепак, во моментов „кралевите“ се единствените кои прават конкретни обиди за ангажман на левиот бек.