Пакета: Фрустриран сум од неточните информации, поради нив ќе немам праведно сослушување!

by 24 фудбал
1 минути читање

Лукас Пакета се соочува со сериозни обвиненија против себе, а насочени нелегално обложување и местење на одредени спортски обложувања. Тој е обвинет за повеќе ситуации, дека намерно добива картони и слично што може да резултира со огромна суспензија.

Англиските медиуми не го штедат Бразилецот и сериозно „удираат“ по него, а тој реши да се огласи на таа тема.

Исфрустрирам сум и разочаран што ги прочитав неточните новинарски текстови во врска со мојот случај. Некои од тие информации се целосно неточни и изгледаат искреирани за да ми направат проблем. Загрижен сум дека изворот на тие информации е некој близок до случајот. Процесот со ФА треба да биде целосно дискретен и е многу сериозен за мене и семејството.

Континуираното испуштање и објавување на неточни информации ме става во ризик да немам праведно сослушување. Затоа им кажав на адвокатите да бараат од ФА да направи темелна истрага за тоа како излегуваат информациите, дури иако се неточни. Ги негирам обвиненијата против мене и се радувам на тоа да си ја докажам невиноста“, изјави Пакета.

Фудбалерот на Вест Хем е мета на истрага на Фудбалската Асоцијација на Англија, а доколку наводите се потврдат и тој биде прогласен за виновен сите опции се отворени, па дури и доживотна суспензија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани