Сер Алекс Фергусон како амбасадор на Манчестер јунајтед заработувал повеќе од пет фудбалери на „ѓаволите“, меѓу нив и младата ѕвезда Коби Мејно.
Една од топ темите во светот на фудбалот изминативе денови е непопуларниот потег на Манчестер јунајтед да му врачи отказ на Сер Алекс Фергусон.
Ко-сопственикот, Сер Џим Ратклиф крати трошоци па решил дека е легендарниот Шкот повеќе не треба да биде амбасадор на клубот.
Многумина не се сложуваат со ваквата одлука и сметаат дека секогаш мора да има место за популарниот Ферги, кој е најтрофејниот тренер во историјата на Манчестер јунајтед.
Неговите примања се нешто над 2 милиони фунти по сезона, и „ѓаволите“ сигурно можат на друг начин да ја заштедат оваа сума.
Интересно е тоа што Сер Алекс Фергусон, со 2 милиони фунти по сезона, има поголеми примања од 5 фудбалери, еден од нив е англискиот репрезентативец Коби Мејно.
Младата ѕвезда има плата од околу 20.000 фунти неделно, или нешто над 1 милон фунти годишно.
Амад Диало има плата од околу 1,5 милиони фунти, додека пак резервниот голман Алтај Бајиндир има примања од околу 1,8 милиони фунти по сезона.
Младинците Ден Горе и Хери Амас пак заработуваа скромни 5.000 фунти неделно, или околу 260.000 фунти годишно.