Лео Меси упати многу пофални зборови за младиот Нико Паз, кој летоска го напушти Реал Мадрид за само 6 милиони евра и се пресели во Комо.
„Кралевите“ со години немаат играч кој потекнува од школата и успеал сериозно да се наметне во стартниот состав, последен кој го направи тоа е Дани Карвахал.
Но фудбалерите од популарната „Ла Фабрика“ често знаат да блеснат во друг клуб, и последен таков пример е Нико Паз.
20 годишното момче изминатово лето направи трансфер во Комо вреден 6 милиони евра, одлично се снајде под водство на Сеск Фабрегас, па доби и повик за настап во репрезентацијата на Аргентина.
Утрово тој го имаше своето деби во дресот на „гаучосите“ и му асистираше на Лео Меси во финишот од натпреварот за конечните 6-0.
По крајот на натпреварот, Лео Меси упати многу пофални зборови за својот помлад сонародник.
„Знам дека не бил роден кога јас дебитирав во Примера“ – вели Лео Меси со насмевка на лицето. „Но морам да признам дека Нико има голем квалитет, се надем дека ќе продолжи да бележи прогрес“.
„Го има правиот мајндсет и перфектно ја чита играта, се надевам дека ќе продолжи во исто темпо. Со Сеск Фабрегас како тренер, ќе напредне уште повеќе“.