Елмас на радарот на Конте, можен кам-бек во Неапол!?

by 24 фудбал
1 минути читање

Ељиф Елмас нема многу добра епизода во РБ Лајпциг, германскиот бундеслигаш кој минатата зима го купи за 24 милиони евра од Наполи.

По доаѓањето во клубот македонскиот „дијамант“ добива минимални шанси. Веројатно бундеслигашката клима не му легна, па Елмас е резерва во Лајпциг, речиси недобивајќи шанси од тренерот Марко Розе. Јасно е дека за напредок во кариерата македонскиот репрезентативец мора да размислува за промена на средината.

Според италијанските медиуми, за Елмас постои опција да се врати во редовите на Наполи. Имено, заинтересиран за македонскиот играч за врска бил Антонио Конте. Во италијанското калчо Елмас одигра 160 натпревари, имаше солидни перформанси, а и таму во последната сезона не се изнаигра.

Засега ова се само шпекулации, меѓутоа не е тајна дека на зима ќе се бара решение за ситуацијата на Елмас која ќе му одговара и нему, но и на Лајпциг како клуб. Дури и ако не е во Наполи, голема е веројатноста македонскиот репрезентативец да замине од германскиот клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани