Треневски направи две измени во почетниот состав за реванш дуелот против Динамо Минск

by
2 минути читање

Офанзивецот Суад Сахити, воедно и дефанзивецот Томислав Илиев нема да
стартуваат на реванш мечот во Белорусија помеѓу Динамо Минск и Работнички, во
второто квалификациско коло за пласман во групната фаза од Лига Европа. И
двајцата беа стартери на дуелот во Скопје.

Како за
потсетување, на првиот дуел во Скопје двата тима ремизираа со резултат 1-1,
Работнички со гол од пенал преку Најденов во самата завршница успеа да избегне
пораз.

Младиот дефанзивец
Леон Најдевски првиот меч во Скопје го проследи од клупата, не доби прилика за
настап, но денес ќе истрча во почетниот состав на Работнички, истовремено, на
денешната реванш пресметка ќе стартува и Амир Билали, исто во одбраната на
нашиот претставник.

Ако се сумира и
анализира, Работнички на реваншот ќе настапи со формациска поставеност 4-3-3,
иако играта навидум според формациската поставеност ветува офанзивен фудбал,
факт е дека „Романтичарите“ претпазливо ќе му пристапат на реванш мечот, откако
во однос на првиот меч имаат двајца дефанзивци додадено, односно еден офанзивец
и еден дефанзивец извадено во однос на првиот меч, па така природните позиции на двете новитети за очекување е да направат мало прераспоредување на теренот.

Тоа се новитетите
кои стратегот од клупата на „Романтичарите“, Виктор Треневски ги направи во
однос на вториот дуел, клучен помеѓу Динамо Минск и Работнички во втората рунда
квалификации за Лига Европа.

Мечот меѓу Динамо Минск и Работнички ќе се одигра на
стадионот „Трактор“ во Минск, со почеток во 17 часот. Главен судија на овој
дуел ќе биде Французинот Николас Граинвил, а ќе му помагаат сонародниците
Гилјом Дебарт и Филип Жан. Четврти судија е Јоан Хамел.

Како дополнителна
информација за љубителите на фудбалот во нашата земја, ќе издвоиме и дека мечот
во Белорусија ќе биде пренесуван на видеострим, истиот ќе можете да го
проследите – ТУКА.

 

Извор: uefa.com

Фото-вест: fkrabotnicki.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани