Германецот Јирген Клоп со почетокот на 2025 година ќе има нова улога и ќе ја извршува функцијата „шеф на фудбалските операции“ на „Ред Бул“.
Компанијата „Ред Бул“ поседува неколку клубови, но секако најголем проект е германски Лајпциг каде што настапува и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Иако Клоп се уште не започнал со работа, медиумите пренесуваат дека веќе ја планира првата поголема операција.
Наводно Германецот го „пикирал“ Арда Ѓулер и ќе се обиде да го доведе во Лајпциг. Турскиот репрезентативец не добива голема минутажа во Мадрид, меѓутоа во него Клоп гледа идеална опција за добра заработка во иднина.
Ѓулер без дилеми е некој кој поседува потенцијал, меѓутоа засега не е познато дали Реал е спремен да се откаже од неговите услуги.