Eдин Терзиќ минатата сезона ја напушти клупата на Борусија Дортмунд и од тогаш се поврзуваше со бројни клубови, а последните информации од Островот говорат дека е блиску до понуда каква што тешко се одбива.
Наводно Терзиќ кој има босанско потекло е прв кандидат да го преземе Манчестер Јунајтед, објави британскиот „Сан“.
Преспективниот тренер има фанови на „Олд Трафорд“, но поврзувањето со така голем гигант е изненадување. Терзиќ еден дел од кариерата помина и во Англија каде што беше помошник на Славен Билиќ во Вест Хем.
Имаше одлични резултати со Борузија Дортмунд во изминатите две сезони, но се памети по губењето на титулата во последното коло во Бундеслигата и поразот во финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Манчестер Јунајтед се уште ја анализира позицијата на Тен Хаг, а претходно како опција ако Холанѓанецот добие отказ се споменуваше и Томас Тухел. Исто така во игра беше и Руд Ван Нистерлој.
Засега Тен Хаг се уште е на клупата на гигантот од „Олд Трафорд“, па останува да видиме што ќе се случува.