124
Леонардо Бонучи смета дека неговиот поранешен клуб, Милан нема шанси да го освои Скудетото оваа сезона и дури пет клуб се пред нив.
Според него главната трка ќе биде меѓу Наполи, Интер и Јувентус, а шанси од втор план имаат и Лацио и Аталанта.
„Наполи игра одлично со Конте. Уште летоска реков дека со засилувањата кои ги донесе и неговиот квалитет како тренер, не сум изненаден што се на врвот во лигата“, вели Бонучи.
„Наполи, Интер и Јуве се борат за скудетото, но исто така тука се и Лацио и Аталанта на Гасперини. Милан мислам дека е чекор назад“.