Флорентино Перез долго време сакаше да го доведе Килијан Мбапе и на крајот конечно успеа летово кога
Французинот пристигна како слободен играл, но клубот плати 100 милиони евра како бонус за неговиот потпис.
Во ПСЖ Мбапе се стекна со статус на фудбалер кој сака да има привилегиран статус, а според последните информации специјални услови за него има и во Мадрид.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Флорентино Перез му го дозволил на Мбапе тоа што не го дозволил на ниту еден друг фудбалер во Реал Мадрид.
Како што се наведува Мбапе добил дозвола лично од Флорентино Перез да може да оди во посета на ноќен клуб во Стокхолм, но исто така смее тоа да го правви и во Шпанија кога нема натпревари.
Ваквиот потег на Мбапе веројатно ќе предизвика и незадоволство во Франција бидејќи фудбалерот го пропушти репрезентативниот собир поради повреда. Мбапе во ноќниот клуб беше токму во ноќта кога Франција го играше натпреварот од Лигата на Нации.