Освои три Скудета, беше репрезентативец на Италија, а сега ќе игра во осма лига

by Стефан
1 минути читање

Италијанскиот ветеран, Алесандро Матри по четири години поминати без клуб се врати на фудбалот и ќе игра во осмата италијанска лига.

Матри на 40 години одлучи да продолжи откако претходно последниот ангажман го имаше во 2020 година во Сасуоло.

Негов нов клуб е АСД Графињано кој се натпреварува во осмиот ранг од италијанскиот фудбал, а беше основан пред 11 години.

Во својата кариера Матри играше за: Милан, Лумецане, Римини, Каљари, Јувентус, Фиорентина, Џенова, Лацио, Сасуоло и Бреша. Успеа да освои и три Скудета, два трофеи во Суперкупот и еден Куп на Италија. Во Серија А собра 344 натпревари и постигна 92 погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани