„Македонија има добри играчи, но не се добар тим“

by riste
1 минути читање

Македонија вечерва од 18 часот игра против Летонија во Рига, меч од третото коло во Лигата на нации.

Нашата репрезентација е благ фаворит во овој дуел, имаме добра традиција против Летонците од три победи од исто толку мечеви, но нивниот селектор Паоло Николато нема некое добро мислење за Македонија.

„Нѐ очекува дуел со силен противник, кој ја победи Ерменија. Македонците имаат квалитетни индивидуалци со несомнен талент, поголем дел од нив имаат искуство од силни првенства, но мислам дека има недостига малку повеќе заедништво. Тие се силни индивидуално, но можеби и не толку како тим“, изјави летонскиот селектор, Паоло Николато.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани