143
Фудбалерот на Панатенаикос и грчката репрезентација, Џорџ Балдок вчера беше пронајден мртов во базен во својот дом. Причината за неговата смрт се уште е мистерија.
Локален грчки фотограф со дрон го снимал местото каде била несреќата, снимил дека крај базенот има две шишиња од кое едното било сигурно вотка, а другото вода или тоник. Но, уште нема информација за тоа дали Балдок бил во алкохолизирана состојба кога починал.
Се прегледуваат снимките од надзорните камери за да се утврди дали тој бил сам кога починал. На телото немало никакви траги од насилство, но повеќе детали ќе се соопштат по аутопсијата и токсиколошката проверка.