Фенербахче подготвува одговор на Галатасарај, Мурињо ја сака младата ѕвезда на Реал

by bojan
1 минути читање
Арда Ѓулер

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Фенербахче внимателно ја следи ситуацијата на Арда Ѓулер, и наскоро ќе опипа терен за ангажман на младата ѕвезда на Реал Мадрид.

Фенербахче подготвува одговор на Галатасарај и трансферот на Виктор Осимен.

„Сино-жолтите“ планираат да стапат во контакт со Реал Мадрид и да опипаат терен за ангажман на Арда Ѓулер.

Младата ѕвезда на „кралевите“ има ограничена минутажа на почетокот од оваа сезона, па Фенербахче сака да ја искористи оваа ситуација за да го врати фудбалерот во своите редови.

Доколку Реал Мадрид се сложи да го испрати на позајмица, Фенербахче веднаш ќе реагира за да му ја исполни желбата на Жозе Мурињо, кој инсистира на ангажман на Арда Ѓулер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани