„Скај Германија“ тврди: Вирц веќе го одбрал новиот клуб!

by riste
1 минути читање

Главната ѕвезда на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц од наредната сезона ќе има нов клуб, а прогнозите се дека битката ќе ја добие Баерн Минхен.

Се шпекулираше дека Реал Мадрид ќе направи напор да го ангажира одличниот Вирц, но според „Скај Германија“ фудбалерот сака да продолжи во Бундеслигата, не сака да замине во странство, барем не во блиска иднина.

Тој ќе го промени на лето клубот, а изборот паднал на Баерн Минхен кој исто така е сериозно заинтересиран за Вирц.

Покрај Реал Мадрид и Баерн Минхен, Вирц се поврзуваше и со клубови од Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани