Иван Јуриќ го наследи Даниеле де Роси на позицијата тренер на Рома, хрватскиот стратег во водеше тимот на пет меча, има победи против Удинезе и Венеција, реми со Атлетик Билбао и Монца и пораз од Елфсборг.
Според „Кориере дело Спорт“ газдите на Рома очекувале повеќе, па веќе размислуваат да му врачат отказ во блиска иднина на Јуриќ доколку работите не се подобрат во наредните натпревари.
Се споменува експресно враќање на Даниеле Де Роси кој беше сакан од најголемиот дел од фудбалерите.
Во Рома владее хаос, челниците мислеа дека имаат тим за највисоки дострели, па успесите на Мурињо за нив беа недоволни. Откако го избркаа Португалецот видоа каква е нивната реалност, па сега влегуваат од грешка во грешка и создаваат хаос кој не им се допаѓа ниту на навивачите, ниту на играчите.