Јамал: Не се лутев затоа што бев заменет, се лутев на себе затоа што не одиграв добро!

by riste
1 минути читање

Новата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал реагираше нервозно кога беше заменет на мечот со Алававес, па многумина го протолкуваа тоа како несогласување од одлуката на Ханси Флик да го извади од игра.

Јамал вели дека тоа не е точно, тој бил нервозен поради тоа што смета дека одиграл слабо на тој меч.

„Бев лут по мечот со Алавес поради моите перформанси. Можев да одиграм подобро. Флик ме праша дали сум бил лут затоа што ме извадил, но не, бев лут бидејќи не му помогнав на тимот како што сакав да му помогнам“, вели Јамал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани