Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија ќе има нов сопственик, 85% од акциите на Вардар преминуваат во рацете на Атила Бижен Жалили.
Вардар неколку години се соочува со финансиски проблеми, а клубот пред почетокот на оваа сезона доби парична инекција откако инвестираше компанијата „Новоматик“.
Последните информации велат дека „црвено-црните“ дополнително ќе застанат на цврсти нозе, Вардар добива нов сопственик.
85% од акциите на најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија преминуваат во рацете на Атила Бижен Жалили.
Следува финансиска, организациона и резултатска консолидација на ФК Вардар.
Од 07.10.2024-та, по предходно потпишан договор,заверен со нотарски акт UZP 6630/2024, од страна на новиот сопственик Атила Бижен Жалили превземени се 85% од акциите на АД ФК Вардар-Скопје, а со тоа и управувачкиот пакет на друштвото.
Следи финансиска, организациона и резултатска… pic.twitter.com/EO14KwhbzF— FCVardar (@VardarFC) October 8, 2024