Семејството Дел Пјеро по 12 години доби нов претставник во Јувентус

by Стефан
1 минути читање

Во редовите на Јувентус повторно ќе биде пристуно презимето Дел Пјеро и тоа по 12 години пауза.

Имено, ќерката на Дел Пјеро, Доротеа потпиша договор со кадетскиот тим на „старата дама“ и ќе се обиде да тргне по стапките на нејзиниот славен татко.

Ќерката на Дел Пјеро е родена во 2009 година, а почна да игра фудбал во академијата на Јувентус во Америка каде што се приклучи во 2022 година.

Сега италијанскиот гигант одлучи да ја приклучи на кадетскиот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани