Светската фудбалска организација (ФИФА) го казни фудбалерот на Комо Марко Курто со десет натпревари суспензија поради навреда на расна основа.
Екипата на Комо за која настапуваше кон средината на јули во Шпанија играше пријателски натпревар против Вулверхемптон, а во тој натпревар го навредил Јужнокореецот Хванг Хе-Чан.
Комо сметаше дека инцидентот е „пренапумпан“, а портпаролот на овој клуб пренесе дека Курто во разговор со соиграчот Хванг го наркеол „Џеки Чен“ по познатиот холивудски актер познат по каскадерските сцени.
По натпреварот Вулверхемптон испрати жалба до УЕФА која одговори дека не може да реагира затоа што натпреварот не е во нејзино натпреварување. Потоа се вклучи јужнокорејскиот сојуз кој случајот го пријави во ФИФА од каде што на Курто му беше изречена жестока казна.
Казната Курто ќе ја одработи како фудбалер на Чезена каде што настапува како позајмен фудбалер.