Бонучи не е единствен, уште деветмина играчи го носеле дресот на трите лути ривали Милан, Интер и Јувентус

by
1 минути читање

На големо изненадување, Леонардо Бонучи по седум години го напушти Јувентус за трансфер во Милан.

По преселбата на Сан Сиро, дефанзивецот влезе во одбрано друшто на играчи кои во текот на својата кариера го носеле дресот на трите лути ривали Милан, Интер и Јувентус

Леонардо Бонучи како тинејџер неколку години беше дел од „Нероаѕурите“, а откако не успеа да се наметне во првиот тим, беше испратен во Џенова, па во Бари, од каде по една одлична сезона направи трансфер во Јувентус.

Покрај Италијанецот, уште други девет играчи имаат настапувано за трите гиганти.

Од поновата историја тоа се Андреа Пирло, Златан Ибрахимовиќ, Патрик Виеира, Кристијан Виери, Едгард Давидс и Роберто Баџо.

Во минатото, дресот на Милан, Интер и Јувентус го носеле и Алдо Серена, Енрико Кандијани и Џузепе Меаца.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани