149
Од поодамна се знаеше дека Биља ќе биде ново засилување за Милан, но сите формалности беа завршени денеска.
Лукас Биља за 17 милиони евра плус 3 милиони евра во бонуси доаѓа во Милан од Лацио.
31-годишниот Аргентинец од петокот е во Милано, синоќа ги помина медицинските тестови, а денеска стави потпис на договорот.
Милан има фантастичен преоден рок, покрај Биља во клубот пристигнаа и Мусакио, Кеси, Родригез, Андре Силва, Борини, Чалханоглу и Бонучи.
До крајот на преодниот рок се очекува шлагот на трансфер пазарот за Милан и ангажман на еден од Белоти, Мората и Обамејанг.