79
Дефанзивецот на „Каталонците“ одново
привлекува внимание поради однесувањето на социјалните мрежи.
Жерард Пике денеска пак го
„пецна“ Икер Касиљас, и ја продолжи пријателската „војна“ со поранешниот колега
од репрезентацијата и лут ривал од Реал Мадрид.
Голманот на
Инстаграм постираше слика со која ја најави турнејата на Порто во Мексико, и
изнуди коментар од фудбалерот на Барса.
„Најдобрата слика која некогаш си ја направил… мило ми е што не ти го гледам лицето!” – напиша Жерард Пике.