Марко Верати е
првата желба на Барса ова лето, но зделката воопшто не е едноставна.
Самиот играч и неговиот агент јавно порачаа дека сакаат преселба на Камп Ноу,
но ПСЖ завзеде цврст став и порача дека играчот не е на продажба.
Италијанецот
потоа се извини за постапките на неговиот агент, и нагласи дека е среќен во Париз, па се веруваше дека ова ќе стави крај на шпекулациите.
Но Барселона не
се откажува, ќе чека до 31. август и верува дека со мега понуда ќе успеат да го убедат
ПСЖ да се откаже од Марко Верати.
Последните
информации кои доаѓаат од весникот Спорт и радио станицата РАК 1, „Каталонците“ се
подготвени да понудат една своја ѕвезда како и значителна сума на пари.
Клубот од Камп Ноу
ќе го жртвува Иван Ракитиќ и ќе издвои 70 милиони евра за да стигне до потписот
на Марко Верати.