Санчез: Сакам да играм во Лигата на шампионите, но…

by
1 минути читање

Популарнит „Ел нињо маравиља“ е обврзан кон „Топчиите“ до 30. јуни 2018 и преговорите за продолжување на соработката тапкаат во место.

Арсенал е подготвен да го направи Алексис Санчез еден од најплатениет играчи во Премиерлигата, но фудбалерот одбива да стави потпис на нов договор.

Се говори дека Чилеанецот сака одново да соработува со Пеп Гвардиола и цели кон трансфер во Манчестер Сити.

Арсен Венгер не сака да го продаде својот најдобар играч на ривал од Премиерлигата, и Французинот се надева дека ќе го убеди играчот да остане верен на Арсенал.

Во разговор со медиумите од Чиле, Алексис Санчез сега открива дека посакува да игра во Лигата на шампионите.

„Топчиите“ следната сезона нема да настапуваат во најелитното европско натпреварување, па многумина ова го гледаат како знак дека играчот сака да замине од Емирати.

„Сакам да играм во Лигата на шампионите“ – вели Санчез.

„Но не зависи само од мене. Треба да го почекаm  Арсенал“.

„Јас донесов одлука, сега чекам Арсенал да одговори“.

„Идеата е да играm и да ја освојам Лигата на шампионите. Сонувам за тоа уште како дете“.

„Во моментов сум играч на Арсенал, имам договор за уште една година“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани