Пандев двоен стрелец во победа на Џенова од 17:0

by
0 минути читање

Голем дел од италијанските екипи во подготовките играат пријателски натпревари и со нисколигаши, па победата на Џенова над Стубаитал од 17:0 не е некое изненадување.

Горан Пандев беше во тимот кој играше во првото полувреме и два пати ја погоди противничката мрежа, во 16. и во 27. минута.

Симеоне беше главна ѕвезда на натпреварот со седум постигнати голови.

Македонскиот капитен и следната сезона ќе го носи дресот на Џенова откако прифати да игра за три пати помала плата од онаа која претходно ја заработуваше во овој клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани