Дани Алвеш
минатиот месец се збогува со Јувентус, а оваа недела тоа го стори и Леонардо
Бонучи.
Трансферот на
Италијанецот е многу поголемо изненадување, бидејќи тој заврши во редовите на
лутиот ривал Милан и речиси никој не очекуваше една ваква зделка.
Па низ медиумите
од Италија кружат голем број на стории зошто Леонардо Бонучи заминува од
Торино.
Денеска се
појави изјава од Марио Манџукиќ, кој откри голем инцидент во Кардиф пред
почетокот на дуелот со Реал Мадрид во финалето од Лигата на шампионите.
Хрватот објасни како Леонардо Бонучи го зграпчил Дани Алвеш за врат и потоа сакал да
го удри, па тоа е главната причина за нивното заминување.
Сепак, напаѓачот
веднаш се огласи на социјалните мрежи и демантираше дека дал интервју.
„Ми беа доделени
зборови во врска со Дани и Лео. НИКОГАШ не сум кажал такво нешто. Сите кои ме
познаваат, знаат дека никогаш не зборам зад грбот на моите согирачи” – гласи пораката на Манџукиќ на
Твитер.
„Доколку имам
нешто да кажам некому, тоа го правам лице во лице”.
„Зборовите НЕ беа
мои, не грижете се момци, сето ова е ЛАГА”.