Челси не дозволи да биде посрамотен по втор пат, за 40 милиони фунти пристигна Бакајоко

by
2 минути читање

„Сините“
дозволија Манчестер јунајтед да им го украде Ромелу Лукаку, а „Црвените Ѓаволи“
потоа се обидоа на Челси да му ги поматат плановите и за Тимуе Бакајоко.

Клубот од
Стемфорд Бриџ со месеци разговараше со Монако, и Манчестер јунајтед се обиде да
го искористи спориот прогрес на преговорите, но играчот сепак ќе се пресели во
Лондон.

„Тимуе Бакајоко е
нов играч на Челси откако денеска го комплетираше трансферот од Монако
– гласеше известувањето.

„Тој стави потпис
на пет годишен договор
.

За новата
авантура, 22 годишниот Французин рече: „Среќен сум што пристигнав тука, се
работи за голем клуб. Пораснав гледајќи го Челси
.

„Па нормално беше
да потпишам, уште од дете го обожавам овој клуб
.

„Сега со
нетрпение чекам да работам под водство на овој фантастичен тренер и да играм покрај
големиот број на одлични фудбалери
.

Детали од зделката не се откриваат, според медиумите, Челси ќе плати 40 милиони фунти (околу 45 милиони евра).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани