Милан не знае за доста, тргнува и по Ренато Санчез од Баерн Минхен

by
1 минути читање

Милан сака да го донесе Ренато Санчез на две годишна позајмица за 7 милиони евра со опција во 2019 комплетно да го откупат за 40 милиони евра.

Фудбалерот кој следниот месец полни 20 години, не се снајде најдобро во Баерн Минхен откако минатото лето беше купен за 35 милиони евра од Бенфика.

Во преговорите помеѓу двата клуба има и бонуси според кои трансферот може да дојде и до 80 милиони евра. Еден од бонусите е Милан да плати плус 20 милиони евра доколку фудбалерот се најде на краткиот список за Златната Топка.

Ренато Санчез важи за голем талент, но минатата сезона во 25 натпревари за Баерн Минхен немаше ниту гол, ниту асистенција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани