Како одминува времето се почесто се пореална е можноста Златан Ибрахимовиќ да остане во Манчестер јунајтед и покрај тоа што не е под договор со англискиот клуб од јуни.
Ибрахимовиќ во тренинг центарот на Манчестер јунајтед се опоравува од операцијата на коленото, па Мурињо беше запрашан дали тој би можел да потпише нов договор.
„Доколку одлуката е да остане и да чека до декември, зошто да не? Ние зборуваме и разменуваме идеи“ – вели Мурињо.
„Сакаме да му оставиме простор и време тој да размисли и да одлучи“.
„Тој не беше среќен како заврши сезоната за него. Но сака да продолжи да игра на највиско ниво и работи на тоа“.
„Ние ја отворивме вратата за него да се опоравува со нашите луѓе и да биде еден од нас. Нашиот директор Ед Вудвард и агентот на Златан се тие кои треба да се договорат“.