Англичаните немаа милост: Црногорецот кој го „копираше“ Суарез доби жестока казна!

by Стефан
1 минути читање

Напаѓачот од редовите на Престон Милутин Осмајиќ доби казна од дури осум натпревари суспензија за потегот со кој потсети на Луис Суарез.

Осмајиќ за време на натпреварот од Чемпионшиш го гризна противничкиот напаѓач Овен Бек, а покрај суспензијата од осум натпревари за овој инцидент ќе мора да плати и парична казна од 15.000 фунти.

Инцидентот се случи на 22 септември кога Бек по еден досуден пенал го собори фудбалерот кој сакаше да го изведе ударот од белата точка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани