Милан до сега
ангажираше седум нови имиња, но веројатно Леонардо Бонучи им е најдобрата
зделка ова лето, а веројтно и во последните неколку години.
Минатото лето на
адреса на дефанзивецот пристигнаа неколку богата понуди, Челси и Антонио Конте,
како и Пеп Гвардиола и Манчестер Сити беа особено заинтересирани но играчот
остана во Торино.
Оваа недела, кога
никој не очекуваше, Милан достави понуда и за кратко време се договори со
Јувентус за трансфер вреден 42 милиони евра, сума која ќе биде платена на три
рати.
Фановите на
Јувентус не можат да поверуваат како Леонардо Бонучи заминува за лут ривал, па
медиумите шпекулираат со причините за одлуката на дефанзивецот.
Како прва причина
се споменува инцидентот во соблекувалната на полувремето од дуелот со Реал
Мадрид во Лигата на шампионите.
Леонардо Бонучи
не бил задоволен од залагањето на Пауло Дибала, па почнал расправија со
Аргентинецот, а според некои извори дури и му удрил шлаканица.
Манџукиќ и
Барзаљи почнале да го бранат Дибала, па во конфротација влегле Барзаљи и Бонучи.
Уште тогаш
Јувентус решил дека ќе го продаде Леонардо Бонучи, а ова само било потврдено со
новиот договор на Масимо Алегри.
Тренерот
претходно во сезоната имаше жестока расправија со дефанзивецот, поради која
играчот од трибини го следеше дуелот со Порто во Лигата на Шампионите.
Масимо Алегри
поставил услов, „или јас или Бонучи“, па кога беше обновен неговиот договор,
клубот јасно стави до знаење на чија страна е.
Леонардо Бонучи
бил разoчаран, чуствувал дека клубот недоволно го признава она што тој го
направил за нив, и сфатил дека е време за промена.
Како одговор на
лошиот третман, репрезентативецот на „Аѕурите“ им порачал на „Бјанконерите“
дека тој ќе ги диктира условите за продажба, и порачал дека останува во Италија
и опција ќе биде само трансфер во Милан или Интер.
„Росонерите“ беа
тие кои доставија понуда, и вчера падна договор за трансфер вреден 42 милиони
евра.