Дел од навивачите на Јувентус ги подготвија запалките за дресот на Бонучи (ФОТО)

by
1 минути читање

Искусниот, 30
годишен дефанзивец Леонардо Бонучи се реши кариерата да ја продолжи во Милан,
кој гради нов и мошне амбициозен тим за следната сезона.

Трансферот на
Бонучи во ривалот на неговиот екс клуб, се најде на мета на дел од фановите на
Јувентус, на негативен план се разбира, но некои пак му посакаа среќа на
фудбалерот кој шест години играше во „црно-белиот“ дрес на тимот од Торино.

Одредени разлутени навивачи на Јувентус ги подготвија запалките за дресот на Бонучи…

 

Кај многумина се
јави и тага за заминувањето на Бонучи…

Се уште не можам
да поверувам дека ова е крај… Не верувам…
“ напиша еден навивач на Јувентус.

На социјалните мрежи забележително беше и разочарувањето кај дел од фановите поради фактот што клубот не го доби својот нов Недвед, Дел Пјеро, Трезеге, Буфон, Каморанези, Кјелини…

Инаку станува збор за фудбалери кои во моментите кога Јувентус беше преселен во Серија „Б“, одлучија да останат во клубот и да ги одбијат сите понуди кои пристигнаа на нивна адреса.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани