Официјално: Манчестер Сити се засили на десната бековска позиција со Кајл Вокер

by
1 минути читање

Не успеа во
намерата да го доведе Дани Алвеш, кој во последен момент му откажа на Пеп
Гвардиола, па мораше да фрли се на една карта за репрезентативецот на Англија
кој потпиша петгодишен договор со тимот од Манчестер.

Вкупно, со
бонуси, трансферот изнесува околу 50 милиони фунти, со тоа што Вокер го прави
најскапиот англиски дефанзивец засега.

Фото: mancity.com

Чест и
задоволство е да се биде дел од Манчестер Сити, со нетрпение чекам да почнам да
работам во овој тим
“ изјави Вокер кој додаде дека според него, Гвардиола е еден
од најпочитуваните тренери во светот.

Вокер во
Манчестер Сити ќе го носи дресот со број „2“, тој се очекува да патува со
новиот тим наредниот понеделник на турнејата во Соединетите Американски Држави.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани