Бонучи пристигна во Милано, фановите лудуваат (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Росонерите“ се на чекор до реализација на трансферот на сезоната, на Сан Сиро се сели Леонардо Бонучи, кој минатото лето беше само пуста желба на Антонио Конте и Пеп Гвардиола, кoи по секоја цена сакаа да го видат во Челси односно Манчестер Сити.

Дефанзивецот попладнево пристигна во Милано, во канцелариите на Милан, каде беше пречекан од стотина фанови, кои полудеа кога се појави автомобилот во кој патуваше Италијанецот.

Милан и Јувентус се во завршна фаза од преговорите за трансфер вреден помеѓу 40 и 45 милиони евра.

Се верува дека Леонардо Бонучи со Милан веќе се има договорено за плата од 6 милиони евра, а ќе ја добие и капитенската лента.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани