Ниту долговите на Палермо не го загрижуваат, газда Ѕампарини открива: Одбив 15 милиони евра за Несторовски

by
1 минути читање

Минатата недела
финансиска полиција влезе во канцелариите на Палермо како и во домот на
Маурицио Ѕампарини.

„Сицилијанците“
се под лупа и се товарат за перење пари и проневера, и се говори дека клубот
има долг од најмалку 40 милиони евра.

Преговорите за
продажба на клубот на инвеститори од САД пропаднаа, па се говореше дека Палермо
би можел да ги балансира сметките со продажба на играчи, помеѓи кој и Илија
Несторовски.

Но Маурицио
Ѕампарини не се откажува, открива дека одбил 15 милиони евра за услугите на
Македонецот.

„Сакам да ги
задржам најдобрите играчи како Несторовски, Алесами, Чочев, Голданига…
– вели Ѕампа.

„За Несторовски
одбив 15 милиони евра, за Алесами одбив 7 милиони евра
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани