Провокација од Ливерпул: За Арне Слот, Манчестер јунајтед не е топ тим

by bojan
1 минути читање
Арне Слот

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот испрати провокација до лутиот ривал Манчестер јунајтед и меѓу редови кажа дека „ѓаволите“ не се топ клуб.

„Црвените“ се на првото место на табелата по киксот на Манчестер Сити против Њукасл, и нивната победа на гостувањето кај Вулверхемптон.

На денешната средба со новинарите во пресрет на дуелот против Болоња во Лигата на шампионите, Арне Слот говореше за досегашните резултати и, намерно или ненамерно, испрати провокација до лутиот ривал Манчестер јунајтед.

„Секој натпревар е тежок, но ми кажуваат дека е далеку потешко да се победи тим од горниот дел на табелата отколку тим од долниот дел на табелата… што е прилично нормално“ – вели тренерот на Ливерпул.

„Да, се уште немаме играно против топ тим“.

Ако се гледа само табелата, точно е дека Ливерпул до сега играл само со тимови кои се во втората половина на табелата, но „црвените“ минатиот месец гостуваа на Олд Трафорд и го победија Манчестер јунајтед со 0-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани