Една добра и една лоша вест за Ливерпул пред натпреварот во Лигата на шампионите

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Ливерпул во среда го играат првиот натпревар од Лигата на шампионите пред своите навивачи, а за овој ќе имаат промени во стартните 11.

Како што е денес потврдено, Диого Жота не тренира со екипата откако доживеа полесна повреда на стапалото во дуелот против Вулверхемптон.

Тој нема да игра во Лигата на шампионите против Болоња, но добра вест за тимот на Арне Слот е што се враќа Дарвин Нуњез кој го пропушти натпреварот од Премиер лигата поради вирус.

Се очекува токму Уругваецот да настапи на местото на Португалецот во нападот. Натпреварот помеѓу Ливерпул и Болоња на програмата е во среда од 21:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани